Скопје

(ФОТО) „Убијци на деца“, вандализам во градинка во Ѓорче

„Убијци“, „фашисти“, „СОНК убијци на деца“ се само дел од натписите кои биле испишани во текот на ноќта на ѕидовите од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. На ова реагираше градоначалникот на општината Александар Стојкоски кој вели дека случајот е пријавен до надлежните институции.

„Досега невиден акт на вандализам
Вандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира“, стои во објавата.

На почеток