„Тоа е порака од Владата до наставниците , професорите“, смета Мицкоски за графитите „СОНК убијци“ во Ѓорче
За вчерашното вандализирање на градинката во Ѓорче Петров, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека е порака упатена до образовниот кадар која е испратена од СДСМ. Тој бара реакција од меѓународните мониторинг мисии, а кажа дека ако нема, тогаш, ќе биде разочаран.
„Тоа е пораката што преку активистите СДСМ и Владата ја упатуваат до наставниците, професорите, воспитувачките, СОНК. Тоа е пораката. Еве со каква држава, режимска ние живееме и со какви закани јавни, активистите од власта им се закануваат на вработените во градинките и образованието. Тоа е скандалозно. Ја повикувам меѓународната заедница, го повикувам ОБСЕ, ги повикувам сите кои ги следат процесите во Македонија да реагираат. Во спротивно ќе бидам разочарам и од нивното однесување“