Актуелно

Беќаровски до Захариева: Сакам да ме нарекувате Македонски доктор, а не доктор од РСМ

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави статус во кој бара бугарската политичарка Захариева да го нарекува Македонски доктор, а не доктор од РСМ.

Екатерина Захариева ја “пее” “Ако одам во Битола”

Почитувана и моја “омилена” бугарска политичарке, г-ѓа Екатерина Захариева, би Ве замолил како што и јас најкултурно Ве именувам како Бугарка, Бугарска политичарка, а Вашите роднини во мојата татковина, Бугарско малцинство во РС Македонија и Вие мене да ме именувате како Македонец, а не граѓанин на Северна Македонија, како Македонски доктор а не доктор од РСМ, а моите роднини во Пиринско, како Македонско малцинство или ако не признавате малцинство, барем како Македонци граѓани на Република Бугарија.

Да се однесуваме, како што “обичате” да кажете “европеиски”.

Жолтите ѕвездички на синото знаме само така можат да зрачат пријателство и добрососедство.

Јас како закоравен еврофил секогаш ќе Ве ословувам како Бугарка, без оглед на Вашиот пежуративен однос кон моето МАКЕДОНСКО национално чувство.

И за крај секогаш сте добредојдена во Скопје и во мојот дом“, стои во објавата

На почеток