(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Жена во Харков оди по улица, на неколку метри од неа паѓаат гранати
На социјалните мрежи се појави ново видео од бомбардирањето на Харков. Видеото го објави Олена Халушка, вработена во Украинскиот центар за борба против корупцијата.
На снимката се гледа пат и неколку пешаци. Во преден план е личност, најверојатно жена, која носи торби и го поминува патот. Во позадина се гледаат уште две лица како трчаат преку патот.
Во еден момент на сред улица експлодираат два проектила. Лицето во преден план на видеото паѓа на подот од силината на ударот, но набрзо станува и продолжува понатаму.
A missile hits #Kharkiv residential area again. This is how the life of Ukrainians looks under russian bombs and rockets. For how long will it continue? #ArmUkraineNow #protectuasky
Video: Ukraine Now pic.twitter.com/NAyr86pSeQ— Olena Halushka (@OlenaHalushka) April 17, 2022