Македонија

Каракачанов: Македонија без Бугари – оган да ја запали!

Ексминистерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, преку статус на социјалните мрежи порача: „Македонија без Бугари – оган да ја запали!“. Ова доаѓа откако пред два дена, беше во Битола, каде се отвораше културен клуб.

„Ми претставуваше големо задоволство да присуствувам на отворањето на Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола. Ви благодариме за неуморната работа и борба на Бугарите во Македонија за зачувување на бугарскиот јазик. Само едно би сакал да го посоветувам премиерот Петков. Следниот пат кога ќе излезе да го прочита својот однапред подготвен говор, во кој вели дека мора да го „искорениме јазикот на омразата“, а притоа на 50 метри под местото каде што се наоѓа, има група Македонци кои пцујат Бугари од Македонија, да погледнете и слушнете малку“, напиша Каракачанов.

На почеток