Македонија

(ФОТО) Зеќири фотографиран во затвор

Ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, деновиве е фотографиран во затворот „Скопје“ во Шутка, каде издржува мерка притвор. Фотографијата стана вирална на социјалните мрежи, каде граѓаните коментираат „Каков крај човече“. На неа се гледа дека Зеќири шета во дворот на затворот, облечен во тренерки.

Претходно, фотографиран во затвор беше и Боки 13.

ФОТО: Боки 13 сликан во дворот на Шутка

Зеќири десет дена се наоѓа во затворот „Скопје“. Обвинителката Катерина Коларевиќ побара ефективен притвор што подразбира негово носење во затворот „Скопје“ во Шутка. Мерката беше побарана поради сомнежи дека може да избега, да го повтори делото или да влијае на сведоци. Таа очекуваше истата да биде одредена, а нејзините аргументи да се прифатени. Таа рече дека нема материјални докази, но има сомнежи за можно бегство.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Зеќири поднесе и оставка од позицијата генерален секретар на Владата.

„Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.
Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зеќири.

На почеток