Македонија

Зеќири ќе си остане во Шутка

Тројцата судии од Апелација решија дека Мухамед Зеќири треба да издржува притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари. Одлуката ја донесоа по четири денови мислење. Сепак семтаат дека можно е Зеќири да избега и да влијае, па така, сметаат дека ниту домашен притвор не е доволна мерка.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

На почеток