Јаулески алармира: Ако ништо не се преземе од утре ќе има шок цени на основните продукти!


Ако Владата не преземе ништо, од утре ќе има драстично поскапување на цените на основните продукти за човечка исхрана, посочува пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.
!Најмалку за 5% (ДДВ) ќе поскапат: лебот, брашното, оризот, месото, шеќерот, сончогледово масло, млекото, јајцата. Дополнително се одмрзнуваат и маржите за трговците. Доколку власта не ја продолжи одлуката за повластена стапка на ДДВ за дизел и бензин горивото и тоа ќе поскапи за околу 10 денари. Имајќи во предвид дека власта не се грижи за граѓаните, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара до 31 декември 2022 година: 1. ДДВ 0% за основни прехранбени продукти 2. ДДВ за горивата да е 5% 3. Преполовување на акцизата за горивата Пратениците од мнозинството имаат избор дали се на страна на граѓаните или на страна на владеачката елита“, алармира Јаулекси.
