Кога се сака, се може се. Само со слога и убава мисла може да влеземе во Новата 2019 год. Овој пат Дедо Мраз, за Нина беа сие хумани граѓани кои и ја исполни желбата на малата Нина да се соберат потребните средства за да може да замине на операцијата.
„Благодарност до сите хумани луѓе со големи срца кои донираа и беа секогаш тука кога треба. Благодарност до сите кои споделуваа апели за помош, до сите кои се активираа и помагаа на било каков начин…
Овој пат успеавме сите заедно и за малата Нина се собраа и тие 5% кои недостигаа. Потребната сума за операцијата, за Нина да може да застане на нозе сега е собрана“, се наведува во известувањето кое беше објавено на социјалните мрежи.
Нина, веднаш по Новогодишните прзници ќе може да замине на потребната операција во САД, од каде по опертивниот зафат ќе може да застане на нозе и да си игра заедно до нејзините другарчиња.
Броевите за донација ќе останат уште малку отворени, бидејќи по операцијата ја очекува пост оперативен период за кој исто се потребни парични средства.
Доколку сакате и имате можност завртете уште еднаш.
Семејството на Нина Ви е крајно благодарно на несебичната поддршка, вашето големо срце и хуманост.