Коментари

Божиновски: До кога ќе трпиме да сме омаловажувани како народ

До кога ќе трпиме да сме омаловажувани како народ? Очигледно нашите вредности не се исти со оние на ЕУ, барем не со Бугарија и Грција, вели Божидар Божиновски.

„Додека овде живеат повеќе народи и уживаат права кои им се заслужени како граѓани на Македонија во Бугарија и Грција нашите воопшто немаат права. Не им е гајле ни за суд во Стразбур, ни за ништо… Си тераат. То е проблем на ЕУ што дозволила такви членки да има.

Нашиот проблем е по секоја цена да се приклучиме на друштво кое очигледно не нѐ сака. И нема потреба да нѐ сакаат таму. Македонија е независна 31 година, со соседи кои само на душмани можеш да им ги посакаш и пак – еве нѐ. Многу значи за средување на внатрешните проблеми поддршка од ЕУ ама ако не сакаат да ја дадат не мораат. Мала држава сме, во која најголем дел од населението има изгубено доверба. Тука што сме мали е предност, може да се средиме побрзо.

Едноставно на таа маса нема што да бараме. Ќе се преживее и без ЕУ“, додава тој.

На почеток