„Картонска макета од Груевски ќе ги лежи изречените казни?“, јавноста реагира по новата казна за експремиерот
Кривичниот суд Скопје изрече првостепена пресуда за случајот „Плацеви на Водно“. Никола Груевски, Сашо Мијалков и Јордан Орце Камчев осудени се на вкупно 9 години и 3 месеци казна затвор. Никола Груевски доби казна затвор од 7 години плус парична казна 3500 евра. Ова наиде на многу реакции, особено откако судијата Илија Трпков посочи дека обвинителката Лиле Стефанова докажала дека експремиерот си купувал имот од парите кои симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ иг донирале за партијата. За имотот, Стефанова пак посочи дека е во вредност од три милиони евра. Ова не е прва затворска казна за Груевски, тој претходно е осуден во случајот за набавакта на Мерцедесот и „Шамари во Центар“.
Картонска макета од Груевски ќе ги лежи изречените казни?
— Berberot (@Berberot2) April 22, 2022
Направетего го и Груевски од картон и пикнете го во Идризово да скапува таму
— ЗЛОЧКО 🇺🇦 УКРАИНЕЦ (@srce_swatko) April 22, 2022
Откаде му на Груевски 3 милиона евра, кога платата му беше 1500 евра?
Абе конфискувај се таму, до евро, абе вие дали сте нормални!
Па нормално им е на судењето, Груевски имал 3 милиона евра!
ОД КАДЕ?— Виктор Стевич (@Viktor_Stevich) April 21, 2022
Груевски започна да ја издржува заслужената казна во Будимпешта од моментот кога си го растури семејството бегајќи и криејќи се во гепек како прав маж и патриота.
— Мацко (@februar1967) April 21, 2022
Груевски незадоволен од пресудата. Според законот за еден предмет да влезел во судска расправа ТРЕБАЛО осомничениот пред да се обвини да биде повикан на распит и да даде исказ. И сега јас во чуденки. Да го поканеле он би дошол?
— V!DanaDsg 🌻 (@VidanaDeSign) April 21, 2022
Груевски имал имот во вредност од 3.000.000 евра! И тоа сѐ стекнато од премиерска плата. Се гледа дека човеков од уста двоел за плацовите на Водно
— Dimko (@ddimkooooo) April 21, 2022
Никола Груевски уште 7 години затвор, стана рекордер како најголем криминален ум кој некогаш бил премиер на МК.
Се уште двете казни од 9 ипол години се помалку од времето на неговото владеење.
— Антагонист (@jabandzija) April 21, 2022
Груевски кој го пуштија да замине го осудуваат 7 години а другите тука што останаа година дена или условно 🤡🤡
— Кичеецот (@mancesterovec7) April 21, 2022
Нема лош ден за затворска казна за Груевски и тајфата… уште навистина да лежеа апс ќе беше перфектно
— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) April 21, 2022
луѓе се радуваат за пресудата на Груевски ко да ќе ги лежи
— твитерана. 🇺🇦 (@tviterana) April 21, 2022
Груевски од некој пентхаус у Пешта, во моментов. https://t.co/9bn7ZNWfLI pic.twitter.com/QEfGDwJLaR
— Динго (@DingoOdKratovo) April 21, 2022