Свет

(ВИДЕО) Посмртните остатоци од новинарот Џамал Кашоги во црни вреќи ги изнесол специјален тим за егзекуција?

Се појви видеоснимка на која се гледа како саудискиот специјален тим за егзекуција изнесуваат вреќи. Неофицијлано во нив се наоѓаат посмртните остатоци од новинарот Џамал Кашоги. На снимката се гледа доаѓањето на неколкуте членови на тимот во резуденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, на денот кога е убиен Кашоги во конзулатот, оддалечен неколку стотина метри од куќата. Еден од членовите на тимот за егзекутирање носи црни вреќи, кои според турските медиуми веројатно содржат делови од телото на убиениот новинар, кој беше голем критичар на саудискиот принц престолонаследник – Мохамед Бин Салман.

Оваа видео снимка ја објавија турските медиуми.Тие објснуваат дека Кашоги влегол во саудискиот конзулат на 2 октомври за да добие документи за развод од неговата поранешна сопруга. Во конзулатот бил убиен и распарчен на делови, дело кое турските власти го карактеризираа како убиство со предумисла, организирано од властите во Саудиска Арабија.

Саудијците го негираат тоа и тврдат дека Кашоги бил убиен во операција на „одметнати агенти“, иако првично тврдеа дека новинарот жив го напуштил конзулатот.

Кашоги повеќе од една година беше во политички егзил во САД, стравувајќи од политички прогон.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток