Актуелно

Русија ја брише Украина од учебниците: Киев се споменува како главен град на „киевската Русија“

Руските имаат намера да ја избришат Украина од своите школски учебници, јави тамошниот независен портал „Медиазоне“. Овој портал напиша дека руските власти наредиле на издавачот „Просвета“ да ја тргне Украина од учебниците.

„Медиазоне“ пишува дека информациите ги откриле од вработените во „Просвета“, која е една од најголемите издавачки куќи за образовна литература во Русија. Се зборува дека наредбите дошле „од горе3, односно од врвот на државата.

Еден од соговорниците на порталот „Медиазоне“, вели дека најдобро е воопшто да не се споменува Украина, кога е тоа можно. Во руските учебници Киев се споменува како главен град на „киевската Русија“ и се наведува дека ја ослободила советската војска во текот на Втората светска војна.

Инаку, денес се навршуваат точно два месеци откако започна руската инвазија врз Украина.

На почеток