„Ме фрли на кревет, не можев да станам“, нов силен земјотрес во Босна и Херцеговина

Од
Објавено на

Нов силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина. Како што регистрира Еуромедитеранскиот сеизмолошки центар, потресот се случил утрово на половина час пред седум и беше 5.5 степени според Рихтеровата скала.
Според првите информаци, епицентарот на земјотресот бил на 41 километар југоисточно од Мостар и 14 километри источно од Столца.
Како што јавува репортерот на „24 часови“ од Мостар, цел хотел се тресел околу 15 секунди.
„Ме фрли на кревет, не можев да станам. Баш беше страшно“, вели репортерот на „24 часови“.
