Свет

Шпанија призна дека ги шпионирала Каталонците

Шпанската разузнавачка служба призна дека во одреден момент ја искористила програмата Пегазус за да ги истражи активностите на лидерите на движењето за независност на Каталонија.

Воедно, таа рече дека мониторингот бил организиран на индивидуално ниво и со одобрение на судиите, пишува шпански „Ел Паис“.

Весникот се повикува на извори кои не наведуваат кој и кога бил следен преку програмата Пегазус, направена во Израел и позната по тоа што може невидливо да ги инфицира мобилните телефони на целните луѓе.

Се наведува и дека магазинот „Њујоркер“ минатата недела објавил извештај за употребата на Пегазус, истакнувајќи дека го користат и демократските земји од ЕУ, со цел да шпионираат новинари и активисти, пренесува Хина.

Повикувајќи се на Citizen Lab, истражувачки центар на Универзитетот во Торонто, списанието објави дека Шпанија преку Пегазус ги шпионирала мобилните телефони на поборниците за независност на Каталонија.

Од друга страна, извори блиски до ЦНИ, на кои се повикува „Ел Паис“, го сметаат за неверодостоен извештајот на Citizen Lab, според кој наводно биле прислушувани 63 каталонски поддржувачи на независноста.

На почеток