Актуелно

(ВИДЕО) Експлозија во Херсон

Силна експлозија одекна во центарот на окупираниот украински град Херсон. Според странските медиуми, експлозијата се случила во близина на голема ТВ кула.

Си-Ен-Ен ја потврди автентичноста на снимката на која се гледа експлозијата во близина на ТВ-кулата.

Руската прорежимска новинска агенција РИА тврди дека украинските сили истрелале три ракети врз Херсон, пренесуваат медиумите во регионот.

Анализираат дека Херсон падна под руска контрола на почетокот на март и потсетуваат дека и вчера во овој град беа одржани демонстрации, односно проукраински митинг кој руските сили го растуриле со употреба на солзавец и шок гранати.

На почеток