Во првите часови од новата 2019 година вселенската сонда „Нови Хоризонти“ (New Horizonsна НАСА би требало да дошла до најоддалечената точка од Сончевиот систем до која некогаш стигнал уред од Земјата.
Од ноќеска на полноќ почна праќање на фотографиите од просторите зад Плутон , од светот на мразот , кој човечкото око до сега не го видело. Мисијата почна пред 20 тина години , кога серија не многу скапи летала биле пратени во вселената за да истражуваат одделни делови на Сончевиот систем.
Според научниците, сондата утрово требало да стигне до вселенскиот камен наречен Ултима Тул, кој се наоѓа 6,4 милијарди километри оддалеченост од Земјата, на надворешниот раб од нашиот Сончев систем.
LIVE NOW from @JHUAPL: @NASANewHorizons is zooming toward #UltimaThule, an icy world located ~1 billion miles past Pluto. Join experts as they highlight upcoming milestones and talk about this historic event ahead of the #NewYearsEve flyby: https://t.co/oJKHgKpQjH pic.twitter.com/V73RvCjRT4
— NASA (@NASA) January 1, 2019
„Нови Хоризонти“ е толку далеку што научниците од мисијата немаат начин да се соочат со евентуални проблеми на кои можела да наиде сондата, туку сè е оставено на вградениот софтвер во објектот.
Првите фотографии од Ултима Тул најрано ќе стигнат утре, а оние со подобар квалитет дури на 3-ти јануари.
