Володин до ЕУ: Обидете се да живеете без Русија барем една година
Од
Објавено на
Претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, смета дека Европската унија треба да се обиде да живее без Русија најмалку една година.
Володин на Телеграм напиша дека ЕУ е навикната да живее на сметка на другите – прво на сметка на колониите, а сега Русија, како што наведе, „мора да ги загрее“.
„И тие цинично ни велат: „За седум години ќе се откажеме од рускиот гас.“ Имаме право да одговориме: „Зошто да чекаме? Ако ги одбиете стратешките односи, живејте без Русија најмалку една година“, напиша Володин, објави РИА Новости.