ФОТО: Почнале да уништуваат плажа во Охрид, градоначалникот во викенд ги најде и им поднесе кривични


Познатиот охридски нуркач Никола Паскали откри дека со ситен песок се уништува автентичноста на плажата „Сараиште“ во Охрид, а градоначлникот Кирил Пецаков експресно реагираше. Откако се откри дека некој си донел песок на плажата, која всушност како сите други има свој автентичен изглед и е прекриена со камења, Паскали напиша:
„Активностите за уништување на се што е автентично околу Охридско Езеро. Значит на толку многу потрошени пари за комисии, правилници, состаноци, консултации и да донесиш ваква песок… Ова е веќе проблем и тоа голем“, напиша нуркачот.
Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, иако викенд, веднаш побара и испрати инспектори кои направиле увид. Тој констатира дека е истурена истурена ситна песок при тоа уништувајќи ја автентичноста на плажата.
„Инспекторите изготвија записник за затекнатата состојба и на сторителите кои ја поставиле песокта им поднесе соодветни пријави, додека песокта во краток временски период ќе би биде отстранета. Заштитата на Охридското езеро и неговата автентичност треба да биде обврска на секој поединец, а не само на надлежните институции“, напиша Пецаков.
