119 години од смртта на Гоце Делчев: “Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”
Од
Објавено на
Гоце Делчев нашиот иделог и визионер е роден на 4. февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.
По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11. октомври 1946 година, биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Пзнати мисли од Гоце Делчев:
„ Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа… “
„ Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?”
„ Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите “
„ Ќе удри утринската зора и за нас… “
„ Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива “
„ Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех! “
„ Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија “
„ Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух “
„ Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население “
„ Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница “
„ Делото на ослободувањето на еден народ, е пред сè негово сопствено дело, на неговите сопствени раце “
„ Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите “