Актуелно

Воздушни напади во речиси цела Украина, одекнувања од експлозии: „Тие сакаат да не скршат“

Во огромно мнозинство на украинските региони е објавен воздушен аларм. Извештаи за експлозии пристигнуваат од Киев, Днепар, Запорожје, Миколаев и Черкаси. Да потсетиме, Русија синоќа изврши серија ракетни напади низ цела Украина.

„Уште една ноќ во Украина, уште еден салво од руски ракети врз мирните украински градови. Тие сакаат да не скршат со нивниот ракетен тероризам. Но, единственото нешто што ќе се скрши на крајот е Русија и нејзината способност да напаѓа, бомбардира, убива, ограбува и силување“, напиша вечерва на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

To Top