Грковска со ДКСК: Отворени сме за соработка, имаме заедничка цел – градење на одговорни и отчетни институции


Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковка и нејзиниот тим и членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и нивниот тим, предводени од претседателката Билјана Ивановска, денеска и утре учествуваат на заедничка работилница чија цел е споделување на искуства и подобрување на соработката меѓу двете институции.
На работилницата, која се одржува под покровителство на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, свои презентации за работата одржаа заменик-претседателката на Владата Славица Грковска, како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска. И Грковска и Ивановска образложија дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.
Предавачи на работилницата се Сузане Хедин, консултант за комуникации, Лена Андерсон, лидер на компонента на ЕУ – Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата, Крис Хеншо, консултант на ЦЕП/УСАИД.
Учесниците, во текот на работилницата, имаат можност да слушнат искуства и да споделат мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.
Целта на работилницата е да се зајакне соработката меѓу Кабинетот задолжен за политики за добро владеење и Државната комисија за спречување на корупцијата, имајќи предвид дека двете институции имаат исти заложби, односно да се направат позитивни промени-корупцијата да се превенира, но и да се креираат долгорочни одржливи системски решенија.
