Актуелно

(ВИДЕО) Зеленски објави моќно видео за Денот на победата: „Никогаш повеќе? Кажи и на Украина“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на денот кога Европа го слави Денот на победата над нацизмот, објави црно-бело видео снимено во разурнатиот Бородјанка, град во близина на Киев кој беше целосно уништен во руската инвазија.

Во драматичното видео, Зеленски повлекува паралели меѓу борбата на Украина против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во Втората светска војна и вели: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ кажете на Украина“.

„На 24 февруари зборот „никогаш“ беше избришан. Беше бомбардиран од стотици проектили во 4 часот наутро. Украинците слушнаа страшни експлозии. Го слушнаа зборот „повторно“. Градот Бородјанка е една од многуте жртви на ова злосторство. а сведоците се зад мене“, рече Зеленски.

На почеток