Протест пред „Киро Глигоров“ во Капиштец, уличишното игралиштето го издале на фирма
Родители на ученици во основното училиште „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец, за денес најавија протест против, како што велат, комерцијалното отуѓување на школското игралиште, кое според нив ѝ било издадено на користење на приватна фирма.
„При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата незаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови“, велат родителите.
Тие изнесоа и листа со барања до надлежните:
1. Итно стопирање на градежните активности
2. Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)
3. Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.
4. Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, велат во соопштението родителите на учениците во ООУ „Киро Глигоров“