Русија: Го освивме Попасна; Украина: Се повлековме од градот
Од
Објавено на
Украинските сили се повлекоа од источниот украински град Попасна, изјави денеска гувернерот на областа Луганск, потврдувајќи ги руските информации дека градот е освоен.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека неговите сили презеле контрола над поголемиот дел од Попасна.
„Таму сè беше уништено“
Гувернерот на Луганск Серхи Гајдаи изјави за украинската телевизија дека украинските сили се повлекле со цел да се зајакнат, додавајќи: „Таму сè е уништено“.
Руските сили започнаа нова офанзива во април долж поголемиот дел од источна Украина, а некои од најинтензивните напади и гранатирање околу Попасна се случија неодамна.