„Тоа е сувенир и не е баш знаме“, професор по право за потегот на Андреа


Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, доктор Гордан Калајџиев, за настанот кој ја вознемири македонската јавност, а се однесува на синоќешниот инцидент кога евровизиската претставничка Андреа Коевска го фрли националното знаме на подот излезе со свој коментар.
Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето. Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме” и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината. Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку ,,многу на број, малку за бој!”, напиша професор Калајџиев на својот Фејсбук профил.
