Свет

Русија со важно предупредување

Русија предупреди дека нејзиниот одговор на влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе зависи од инфраструктурата што Алијансата ќе ја распореди во двете земји, пренесе РИА.

Руската државна новинска агенција во својот извештај го цитираше заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Интерфакс, независна руска новинска агенција, објави дека Рјабков рекол дека Русија нема „непријателски намери“ кон двете земји.

Проширувањето на НАТО би било удар за рускиот претседател Владимир Путин, кој тврди дека ја започнал војната во Украина за да го запре напредувањето на НАТО на исток.

На почеток