Уште една земја ги укинува сите мерки за коронавирус при влез на патници
Од
Објавено на
Австриските власти повеќе нема да бараат потврда за вакцинација или заболување од Ковид при влез во земјата, како дел од промената на одредбите што ќе стапат на сила задутре.
И патниците повеќе нема да треба да покажуваат негативен тест за ковид, според новите измени на прописите на Министерството за здравство од вчера.
Теоретски, оние кои доаѓаат во земјата од области каде што постојат варијанти на коронавирус треба да подлежат на одредени услови, но ова правило во моментов не важи за ниту една земја.