Актуелно

Важен состанок на НАТО: Шведска утре ја објавува одлуката, се спротивставува Ердоган

Министрите за надворешни работи на НАТО овој викенд се состануваат во Берлин за да разговараат за долгорочна стратегија, земајќи го предвид можниот влез на Финска и Шведска. Геополитичкото влијание на НАТО нагло се зголеми по руската инвазија на Украина и наскоро би можело да добие нови членки.

Владејачката Финска Социјалдемократска партија денеска го соопштува својот став за можното приклучување во НАТО. Финскиот државен врв објави во четвртокот дека Финска мора да поднесе барање за членство во НАТО „без одлагање“, што е голем пресврт во политиката поттикната од руската инвазија на Украина.

Поддршката на социјалдемократите би значела дека мнозинството од финскиот парламент е за влез во НАТО, што би го отворило патот за кандидатура во наредните денови.

Одлуката на Шведска утре
Шведските владејачки социјалдемократи утре треба да одлучат дали ќе се откажат од децениското противење на членството во НАТО, што речиси сигурно ќе доведе до тоа Шведска да побара членство во Алијансата. Шефовите на шведската и финската дипломатија Ен Лиде и Пека Хаависто треба да присуствуваат на состанокот на НАТО. Данска, Норвешка и Исланд се членки на НАТО од неговото основање.

Москва вели дека проширувањето на НАТО во Финска и Шведска ќе биде непријателски гест и ќе претставува дополнителна закана за нејзината безбедност, и вети дека ќе одговори на потегот.

Турција се заканува
Кандидатурата на Финска и Шведска треба да биде одобрена од сите 30 земји.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот рече дека членството на Финска и Шведска во НАТО ќе биде „грешка“, како што беше и пристапувањето на Грција во Северноатлантската алијанса.

Нејасно е дали ова е само привремено противење на Турција, која е членка на НАТО, или потенцијално голема пречка за проширување на Алијансата во две земји, наведува Би-Би-Си.

На почеток