Соработник на Путин: Можеме да ја уништиме Финска за 10 секунди, ќе го згазиме смрдливиот Балтик
Москва ќе преземе соодветни мерки доколку НАТО распореди нуклеарни сили и инфраструктура во близина на границата со Русија, изјави заменик-министерот за надворешни работи Александар Грушко, цитиран од руските агенции.
„Ќе биде неопходно да се одговори… со преземање соодветни мерки на претпазливост за да се обезбеди одвраќање“, ја цитира Интерфакс изјавата на Грушка.
Москва нема непријателски намери кон Финска и Шведска и не гледа „вистински“ причини зошто двете земји би се приклучиле на НАТО, додаде Грушко.
Тој ја повтори изјавата од претходно дека одговорот на Москва на можното проширување на НАТО ќе зависи од тоа колку Алијансата ќе ги приближи своите воени средства до Русија и каква инфраструктура ќе распореди.
Планот на Финска да аплицира за членство во НАТО, објавен во четвртокот, и истиот очекуван потег на Шведска, ќе резултира со проширување на западната воена алијанса, што рускиот претседател Владимир Путин сакаше да го спречи.
Помошникот на Путин и се закани на Финска и на цела Европа
Заменик-претседателот на Комитетот за одбрана на руската државна дума Алексеј Журављов, близок соработник на Путин, предупреди дека Русија може да ја избрише Финска од лицето на земјата за десет секунди.
Тој, исто така, и се закани на Британија, велејќи дека на нуклеарните проектили им биле потребни само три минути за да стигнат до островот.
„Американците ќе направат се за да дојде до трета светска војна. Ќе се обидат да ја вовлечат цела Европа во конфликт со Русија, ќе се обидат да ја запалат ситуацијата во Азија и да размрдаат што е можно повеќе земји. Тоа ќе биде одличен начин за нивно излегување. Тие ќе можат да ја обвинат војната за сите проблеми, како што правеа во Првата и Втората светска војна“, додаде тој.
На прашањето дали е можно Русија прва да нападне со атомска бомба, тој одговори: „Секако, но под услов да се доведе во прашање самото постоење на Русија“.
Тој им се закани и на балтичките земји.
„Дефинитивно не се плашиме од овие состојби со кикирики. Тие се како смрдливи мартини, ќе треба да се газат кога е потребно. Бубачките се мали и смрдливи сега“, рече тој.