(ВИДЕО) Лазар Јанев кажа шок детал за постапувањето на Русковска додека „Рекет“ бил на Апелација
Синот на Катица Јанева кој е и нејзин адвокат, Лаазар Јанев во интервју за „А1он“ посочи дека обвинителката Вилма Русковска водела истрага за судијата Јани Нича од Апелација, во моментот кога се одлучувало дали „Рекет“ ќе падне или ќе се потврди затворската казна за тројцата осудени. Од Врховен суд, Јанев очекува предметот да го врати на ново судење, каде ќе можат да докажат дека Јанева е невина. Тврди дека има повреда од апсолутен карактер.
„Сметам дека Врховен суд мора да се одважи и поради најважна работа во целата постапка, а тоа е што судијата Јани Нича, претседател на советот, кој ја преиначи пресудата за притвор во куќен притвор за Катица Јанева беше предмет на финансиска истрага од Вилма Русковска. Иако беше предмет на финансиска истрага од Вилма Русковска, тој е претседател на совтетот кој ја донесе пресудата во Апелација. Тоа е директна повреда на Европската конвенција за човекови права, која се надевам дека Врховниот суд навреме ќе ја увиди која е од апсолутен карактер, а тоа би довело до повторно судење, со фер постапка, каде би ја докажале нашата невиност“, посочи Јанев.
Во интервјуто за „А1он“ раскажа и за постапките на Русковска кон Јанева.
„Денот кога беше решено дека Катица Јанева ќе оди во Идризово, не беше дека тешко и паѓа поради тоа што оди, туку моментот што се осети обесхрабрена. Тоа е поради самата пресуда. Јанева не беше спроведена со упатен акт во Идризово туку поднесок без наслов. Катица Јанева првпат ја прими пресудата 20 дена по одење во затвор. Ние си ја слушнавме пресудата од јавноста. Бевме едиснтвен случај на пети јули кога се пишува пресудата, на 19 да биде објавена, на 21 да биде спроведена во Идризово“, додаде Јанев во интервјуто.