Путин со порака до Шведска и Финска
Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека Русија ќе одговори доколку НАТО почне да ја зајакнува воената инфраструктура на Шведска и Финска, кои одлучија да и се придружат поради конфликтот во Украина.
Путин постојано повторува дека проширувањето на НАТО на исток по распадот на СССР е причината за нападот на Украина. Говорејќи на состанокот на воената алијанса на поранешните советски држави, Путин рече дека САД го користат проширувањето на НАТО на „агресивен“ начин со цел да ја влошат и онака тешката глобална безбедносна ситуација.
Русија, рече тој, нема проблеми со Финска или Шведска, така што нема директна закана поради проширувањето на НАТО кон тие земји.
„Но, проширувањето на воената инфраструктура во областа секако би предизвикало наш одговор“, им рече Путин на лидерите на Организацијата за заеднички договор за безбедност, која ги вклучува Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.
„Каков (тој одговор) ќе биде – ќе видиме какви ќе бидат заканите“, рече Путин. „Без причина се создаваат проблеми, ќе реагираме според околностите.