Магазин

Ќерката на Сузана Спасовска кажа „ДА“

Ќе се мажи ќерката на Сузана Спасовска. Теона Спасовска, ќерката на македонската фолк дива, Сузана Спасовска на 29.12 објави пост на својот фејсбук профил во кој напиша:

„Реков „ДА“, на мојот роденден“, напиша Теона. Избраник на Теона е Виктор Велковски со кого подолг период е во врска.

Теона речиси воопшто не се експонира во јавноста и не го продолжи патот на својата славна мајка, зашто воопшто не се занимава со пеење. Таа студира на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а во исто време работи и во една осигурителна компанија во Скопје.

Инаку, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.

Теона за прв пат се појави во видео запис на својата мајка во песната „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток