Македонија

Српскиот Патријарх Порфириј: Се менуваат граници, единствена е црквата Христова која не се менува

„Се се менува во овој свет. Се менуваат границите, се менувале, сигурно и повторно ќе се менуваат. Црквата Христова е единствена моја не се менува. Таа столб и тврдина на вистината. Затоа Апостолот Павле како света должност ни остави нас, па вели: Ве молам браќа во име на Исус Христос меѓу вас да нема раздор, да бидете потврдени во ист збор и иста мисла. Браќа и сестри, пред некој ден во Белград служеме во св. Сава. Денес тука. И во Белград каде имаше повеќе илјади луѓе собрани, така и тука, видов радост, љубов, во очите на сите Вас. Видов и обврска, задача и порака до нас архирeите. А тоа е, дека вашата љубов, молитви, го надминаа искушението и овозможија Господ да направи чудо. Покажа дека не можеме едни без други, дека Христос е нашата мерка, дека неговите заповеди се закон во кои сакаме да живееме, дека тој е алфа и омега за нашето постоење. Пред се поради вашите молитви, на вас овде и тие во Белград и молитвите на сите, воспоставивме единство“ кажа Српскиот Патријарх Порфириј.

По ова, Српскиот Патријарх посочи дека Соборот на МПЦ ја прифаќа и признава афтокефалноста на Македонската православна црква-Охридска Архепископија. Ова беше поздравено со громогласен аплауз.

„Во исто време, Светиот Синод на нашата црква стави на должност на Синодот заедно во соработка со архепископот Стефан да разработат се, техничко-организациски детали, за потоа да следи свеченото прогласување на официјален акт. Потоа ќе биде известени сите православни цркви во својот канонски ред и поредок и повикани и тие да ја прифатат афтокефалноста на МПЦ-ОА. Ве молиме и вие да не примите во вашите молитви“, додаде Српскиот Патријарх Порфириј.

На почеток