Актуелно

Тешка сообраќајка во Аеродром, возач со Брза помош е однесен итно во болница

На 23.05.2022 во 08,00 часот на бул. Јане Сандански во Скопје пред спортска обложувалница пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(21) од Скопје, и товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(42) од Скопје.

А.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, а на сопатничката од товарното моторно возило А.Т.(22) од Скопје и се констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Фото:Илустрација

На почеток