Македонија

Пендаровски со Вучиќ: Признавањето на автокефалноста е чекор во вистинска насока

Македонскиот претседател Стево Пендаровски остварил средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. За ова информираше на социјалните мрежи. Двајцата претседатели се среќаваат откако СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.

„Со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ – ОА, како чекор во вистинска насока“, информираше Пендаровски.

На почеток