Македонија

На Духовден заедно ќе сослужуваме и во Фанар, во седиштето на Вселенската патријаршија, најави МПЦ-ОА

Веднаш по обзнанувањето на веста на патријархот Порфириј дека Српската црква ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА, свој говор одржа и г.г. Стефан, поглаварот на нашата црква.
Има се заблагодари од името на архиереите, монаштвото и верниот народ на МПЦ-ОА.

– Како да го разбереме ова денешно собрание, ако не со случувањата на воскресението. Црквата од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на националното. Тие наши претци се радуваат заедно со нас. Верувам дека деновиве конечно се радосни сите што сакаа да ја видат возобновена Охридската Архиепископија.

Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар. Тогаш, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј ќе ни го врачи актот за официјално прифаќање на нашата каноничност и за сослужување со сите Помесни православни цркви.

На почеток