„Ова не ти е Форино, оставка“, пратеникот Јаулески удри по Џафери
Од
Објавено на
„Ова не ти е Форино“, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески побара оставка од собранискиот претседател Талат Џафери. Тој му порача: „Таљо не пцуј“.
„Поминаа повеќе од 10 дена откако Талат Џафери редеше мајки-шајки, се однесуваше како да е на сточен пазар а не во Собрание на кое тој лично е претседател. Одговорност нема, оставки нема, а заедно со СДСМ се трудат сето ова да се заборави. Тука сме да потсетиме и уште еднаш да порачаме: ОСТАВКА!“, посочи Јаулески