Комисијата за заразни болести расправало за две теми
На Комисија за заразни болести денес се расправало за две теми. Актуелната состојба со Ковид и мајмунските сипаници. Состојбата со Ковид е стабилна. Донесена е препорака да се укине задолжителното поседување на ПЦР-тест за одредени видови интервенции/операции во здравствените установи, но треба да се приложи антигенски тест (брз). Околу 1000 антигенски тестови се достапни на секоја јавна здравствена установа има и залихи и граѓаните не треба да ги купуваат сами.
Дополнително, Комисијата покажала загриженост за светското ширење на мајмунски сипаници. Дадени се насоки да се дефинираат протоколи за скрининг, дијагностика и третман на евентуалните случаи. Овој вирус не е сличен на Ковид и не се шири толку лесно, па потребни се и различни протоколи. Карактеристично за мајмунските сипаници е промена на кожата и појава на меурчиња, а потоа и малаксаност. Внимателно ќе се следи состојбата во идниот период, но не се препорачуваат никакви мерки засега.