Вартоломеј со изјава по признавањето на автокефалноста на МПЦ од СПЦ
Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ и изрази задоволство од последните случувања во црковното прашање.
Вартоломеј објасни дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата постоел дијалог меѓу црквите на Северна Македонија и Србија.
-Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија и во четвртокот на 19 мај, Неговото Блаженство патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ го покани поглаварот на Охридската црква и имаа заедничка литургија во Белград. Ова нè исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Една шизма што траеше околу шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период. Оваа заедничка литургија на 19 мај, Србија ја нарече литургија за помирување и драго ни е за овие случувања, вели вселенскиот Патријарх.