Извинување од Џафери не чекајте, пцуењето за него е дозволено


На собраниските службеници местото им е на работа среде работното време, а не на кафе на улица Македонија. Вака коментира собранискиот спикер Талат Џафери, откако беше снимен како со погрдни зборови им се обраќа на вработените во Службата.
Ова е снимката која излезе во јавност пред речиси две недели. Реакции имаше многу, а Џафери вели – нема објаснување и додава дека не чувствува потреба да се извини.
Пцовките не беа кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата, тврди Џафери. Додава дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја блокира работата на Собранието, треба да води сметка за тоа што самите тие го направиле, а не да оценуваат дали претседателот го прекршил етичкиот кодекс.
