Што доби Анастасија од дечкото за роденден


Букет рози, портрет со покојниот татко Жељко Ражнатовиќ и патување од 12.000 евра ѝ подари Немања Гудељ на пејачката Анастасија Ражнатовиќ за нејзиниот 24. роденден. Фудбалерот Гудаљ изнајмил луксузна вила на Ибица со базен, лична послуга, сала за вежбање и обезбедување, каде што ќе го поминат летниот одмор со Анастасија.
Пред новинарите Анастасија рече дека е заљубена, среќна и задоволна и дека нејзиниот роденден било повод да се запознаат семејствата Ражнатовиќ и Гудељ.
Таа го прослави роденденот во познат белградски ресторан, на кој имало сто гости. Помеѓу гостите на роденденот била и Анѓела Ражнатовиќ, полусестрата на Анастасија од врската помеѓу Жељко Ражнатовиќ и актерката Љиљана Мијатовиќ.
На журката Анастасија дуваше свеќи на роденденската торта, а Цеца Ражнатовиќ го зеде микрофонот и запеа дел од нејзините големи хитови.
Анастасија пред три месеци ја раскина петгодишната врска со Ѓорѓе Куљиќ.
