Отпочната процедура за симнување на Џафери од претседателската функција


ВМРО-ДПМНЕ отпочна процедура за интерпелација на собранискиот претседател Талат Џафери. Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски побара поддршка и од пратениците на СДСМ, за и тие да гласаат за Џафери да биде симнат од функцијата.
„Овој човек се однесува како да има право да пцуе и омаловажува пратеници. Апелираме до СДСМ да ги тргнат на страна партиските договори и да застанат во одбрана на човековите права и Собранието. Оваа интерпелација е резултат на хаосот кој се случува во Собранието и е директива на Џафери, самоволието кое го спроведува. Во досегашната работа, односно неработа, како и никогаш досега не се случувале скандали и понижување на институциите“, кажа Мицевски.
Интерпелацијата беше најавена минатата недела.
