Пожарот во Тетово го загади воздухот, да не се излегува надвор без потреба!


Пожарот во Тетово го загади воздухот, да не се излегува надвор без потреба!
“Поради големиот пожар кој избувна претпладнево во фабрика на влезот во градот, квалитетот на воздухот е значително влошен. Апелираме граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови. Најпогодени се оние со белодробни, васкуларни и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот. Оние граѓани, кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски, по можност Н95. Во домовите чувајте ги затворени прозорците и вратите и чувајте го Вашето здравје”- стои во апелот на општина Тетово. Исто така и СВР Тетово апелираше граѓаните денеска да бидат внимателни.
