Осум уапсени од Куманово, Гостивар, Центар, Аеродром, Битола


На 29.05.2022 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.М.(44) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 29.05.2022 околу 22.30 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.К.(38) од гостиварска Долна Бањица и гостиварците Е.А.(34), Е.Р.(34) и Д.Ш.(37), затоа што при нивен и преглед на патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Е.А., била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.05.2022 околу 20.00 часот на паркинг простор пред спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(26) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (30.05.2022) во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(20) од Битола, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (30.05.2022) во 01.15 часот на подрачјето на Аеродром во близина на трговски центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.05.2022 на ул.„Цар Самуил” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(18) од Битола, затоа што кај него била пронајдена жолто–кафеава материја и притоа физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
