Аларматно во Тетово, Ангелов тврди дека подобро се справуваме со пожари од Америка

Од
Објавено на

„Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас“, рече Стојанче Анегелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска во Тетово одговарајќи на новинарско прашање зошто порано не била донесена одлука за интервенирање од воздух.
Според Ангелов побрзи сме од Американците во справување со пожари.
Директорот на ЦУК кажа дека од воздух не се интервенирало поради тоа што објектот имал покрив, а под покривот имало плоча.
Се уште на терен состојбата во Тетово е алармантна.
