Поскапува дизелот, нови цени на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.5.2022 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 ден./л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,323 ден./кг и изнесува 54,640 ден./кг.
Од 31.5.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 97,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 86,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм)
