Македонија

Очекуваме во текот на наредните неколку часа пожарот да биде сосема изгаснат, вели Ангелов

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во Дневникот на Сител ТВ посочи дека пожарот во поранешната фабрика „Македонија Табак“ во Тетово е под целосна контрола а во наредните неколку часа се очекува и целосно да биде изгаснат.

„Очекуваме во текот на наредните неколку часа пожарот да биде сосема изгаснат. Овој црн чад не е показател за силината на горење, односно сега пламенот е многу послаб, температурата е падната за разлика од она што се случуваше во текот на денот. Ние сме задоволни од тоа што немаме ниту еден загинат граѓанин, ниту еден загинат пожарникар, ниту еден сериозно повреден пожарникар, со исклучок на неколку повредени пожарникари кои беа однесени во болница поради вдишување на овие гасови“, рече Ангелов.

На почеток