Свет

Конечно донесена пресудата за случајот Џони Деп и Амбер Херд, поротата одлучи

По седумнеделното судење меѓу Џони Деп и Амбер Херд, кое многумина го нарекоа судење на деценијата, конечно беше донесена пресуда.

Судот пресуди дека Амбер Херд е виновна, а Џони Деп ја добил тужбата.

Џони Деп не беше присутен во судот кога беше објавена пресудата, бидејќи моментално се наоѓа во Њукасл, додека Херд беше на суд.

Поранешниот холивудски пар размени сериозни обвинувања за време на судењето – и Деп и Херд тврдеа дека биле жртви и на емоционално и на физичко малтретирање.

Процесот привлече големо внимание кај светската јавност, а социјалните мрежи станаа полигон за говор на омраза на навивачите од двете страни.

Да потсетиме, Амбер Херд објави напис во Вашингтон пост во 2018 година со наслов „Зборував за сексуално насилство – и се соочив со гневот на нашата култура“. Поради тој напис, кој адвокатите на Деп се обидоа да го докажат, актерот настрада поради погрешната слика за насилникот која се создаде за него во јавноста и поради која изгуби бројни актерски ангажмани.

To Top