Коментари

„Викнете експерти од Германија увид да направат, кабелот да не прошетал до Битола“, реакции по пожарот во клубот Ванчо Михајлов

Два месеци откако беше отворен, запален дел од културниот центар Иван Михајлов во центарот на Битола. Изгорена е влезната врата и името на клубот, а внатре во објектот нема материјална штета.

Инцидентот утрово бил пријавен во битолската полиција. Заедно со обвинител извршиле увид, подигнати се траги кои се дадени на вештачење а издадена е и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните камери кои ги имала самата зграда но и околните објекти.

Овој настан предизвика голем број реакции на социјалните мрежи каде се пошегуваа дека можеби кабел го предизвикал пожарот во клубот, па побараа и овој пат да се викнат германски експерти со цел да направат увид.

 

На почеток